Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови

Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје  претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 9 степени.

Во недела и понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа). На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено утре и во понеделник. Од вторник времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.