Претепаното бебе го губи видот од повредите

Можни се пореметувања на видот на 14-месечното бебе кое од брутално претепување заврши во болница. Неофицијалните наоди на лекарите се дека повредите на главата му ги оштетиле очните нерви.

Освен тоа што може да го изгуби видот, докторите се сомневаат дека бебето може да има оштетувања и на други витални функции од бруталното тепање. Сепак, конечно ќе се знае по резултатите од магнетната резонанца.

Осми ден трае истрагата која ја води обвинителството, а МВР на терен го бара насилникот кој брутално го претепал бебето. Тоа пред една недела бебето со скршеници на черепот и нозете и крварење во мозокот, дехидрирано и неухрането беше примено на КАРИЛ.

Мајката која го однела во болница, прво тврдела дека паднало од креветче, па дека ја истепале родини на сопругот кој е во затвор, за потоа да каже дека насилникот е мажот со кој таа живеела.