Претепаното бебе доби старател, полицијата го бара тепачот

Полицијата уште утврдува кој го претепал 14-месечното женско бебе, кое сега се лекува на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде што пред неколку дена било примено со сериозни повреди на главата и со стари скршеници на нозете.

– Она што можеме да го соопштиме во моментот е дека мајката на детето е корисник на парична помош на лице што до 18 години имало статус на дете без родители и родителска грижа, таа има само 20 години, била дете без родителска грижа и има сомнежи дека била жртва на насилство додека таткото на бебето е во затвор. – соопштија од Министерството.

На детето веќе му е одреден старател, а социјалните служби не дозволуваат контакт на роднините со девојчето.

Од КАРИЛ потврдија дека детето е во релативно стабилна состојба. Вчера го нахраниле и имало добар апетит. Уште е рано да се каже дали крвавењето во мозокот ќе остави последици врз неговиот натамошен развој.