Претепано момче кај Олимписки базен

Лекар од градската општа болница „Св.Наум Охридски“ вчера во 20 часот во СВР-Скопје пријавил дека кај нив бил донесен со повреди Е.Ј. (19) од Скопје.

Кај Олимписки базен при тепачка, од страна на непознато лице, со остар предмет му била нанесена повреда во вид на расекотина во пределот на левата надлактица. Повреденото момче е задржано на лекување.