Претепан вработен на бензинска во Скопје

На 23.06.2021, полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода А.Б.(42), Г.Б.(41), В.Б.(30) и Ј.Б.(26), сите од с.Стајковци, скопско, кои на 20.06.2021 физички нападнале вработен на бензинска станица во скопската населба Ченто, информира МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.