Претепале маж пред казно - Кривични за три лица од Берово

Три лица од Берово кривично ќе се гонат затоа што претепале согрѓанин пред казино. 

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Т.С. (43), Д.Р. (34) и В.Р. (37), сите од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, информираа од полицијата. 

- На 14.02.2026 пред казино во Берово, пријавените физички го нападнале С.В. од Берово, нанесувајќи му повреди, додаваат од МВР.