Претепал и тешко повредил лице кое обезбедувало казино - прилепчанец ќе одговара кривично

40-годишен прилепчанец доби кривична пријава затоа што кон крајот на декември физички нападнал лице кое обезбедувало казино и му нанел тешки повреди.

Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Прилеп поднело кривична пријава против О.Б.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 28.12.2025 во казино во Прилеп, пријавениот физички нападнал едно лице од обезбедување на казиното и му нанел тешки телесни повреди.