Вчера изутрина случаен минувач, пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ во населбата Кисела Вода имало машко лице кој имал повреда на главата и обилно крварел.
Полицијата констатирала дека се работи за Т.С.(30) с.Долно Соње-Скопје кај кого се забележани тешки телесни повреди (скршеница на череп) и бил пренесен во Ургентен центар-Мајка Тереза за укажување на лекарска помош.
По кажување на повредениот, повредите ги здобил од брат му кој го удрил со тапиот дел од секирата. Предметот е пронајден во нивната семејна куќа.
МВР работи на целосно расчистување на случајот.