Пресушија Биљанини извори

Пресушија Биљанини извори во Охрид.Препознатливиот белег на градот подолг период е без вода.

Добрите познавачи велат дека неповолните временски прилики односно сушниот период е еден од причините за ваквата состојба дополнително потребата од градскиот водовод и Хидробиолошкиот завод . Често пати водата поради присуство на бактерии беше забранета за пиење . Надлежните во наредниот период ќе анализираат и испитуваат зошто се случува тоа.

 Бројни домашни и странски гости често ги посетуваат изворите. Охриѓани пак кои ова место го користат за пешачење и релаксирање разочарани бидејќи неможат да наполнат ладна вода од изворите.

 Ова не е прв пат Биљанини извори да останат без вода од 2011 година па наваму периодично се случува да секнат инаку изминатиов период намалено е и нивото на Охридското езеро.