Пресуда за „27 април“: За виновни прогласени Јанакиевски, Вељановски, Ристовски...

Поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, екс-министерот за образование Спиро Ристовски, и министерот за транспорт и врски во владата на ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанкиески, како и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски се прогласени за виновни за организирање на упадот во Собранието на 27-ми април 2017, објави предмалку судскиот совет предводен од судијата Илија Трпков.

Никола Груевски и Никола Бошкоски се обвинети, но недостапни за судот. Тие неколку години се во бегство во соседна Грција, а Македонија ја напуштија со лажни идентитети.

Судот констатира дека обвинетите со намера организирале план за да спречат мирно предавање на власта по повикот на екс премиерот Никола Груевски преку ТВ „граѓаните да не седат по папучи дома“.

-Ги мобилизирале членовите за да не се дојде до мирно примопредавање на власта преку одлагање на изборот на претседател на Собранието - истакна во образложението на пресудата судијата Илија Трпков.

Притоа, Вељановски доби казна затвор во траење од 6 и пол години, додека Јанакиески и Ристовски по шест години и три месеци. Атанасовски доби казна од шест години.