Пресуда на Управен суд: Арсовска незаконски го назначила в.д. директорот на МКЦ, детективот Алексов

Управниот суд утврди дека е незаконско решението за назначување на дипломираниот детектив Никола Алексов за в.д. директор на МКЦ и побара од Град Скопје да го поништи решение.

Според вработените Алексов и натаму си доаѓа на работа, а градската управа не соопштува дали ќе ја спроведе пресудата.

Пресудата Управниот суд ја донесе на 28 април годинава по тужбата што ја покренаа вработените кои тврдеа дека Алексов е незаконски поставен на директорската позицијата.

Тој го презеде управувањето со култната скопска културна институција во јануари годинава иако имаше диплома за детектив, заменувајќи го Ванчо Богоев кој пак обвини дека е сменет затоа што не потклекнал на притисокот од генералниот секретар на Град Скопје да го потпише вработување на музичарот Арбен Шакири познат во јавноста како Бени.

- Никола Алексов, дипломиран детектив, е примен преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција, порачаа тогаш од Младинскиот културен центар.