Вчера околу 17,20 часот Г.Д. пријавил дека во населбата Драчево на паркинг простор, настанала тепачка помеѓу неколку лица при што се користеле ножеви и огнено оружје.
Во тепачката, од огнено оружје повреден е Д.Т.(24) од Скопје, додека другите лица со патнички моторни возила „венто“ и „хјундаи“ го напуштиле местото на настанот.
Повредениот Д.Т. е пренесен во Клинички центар Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.