Престрелка во Батинци, повредениот пренесен на Ургентен

Едно лице е повредени и подоцна пренесено на Ургентен центар по инцидентот кој се случи вчера во скопското село Батинци. 

Настанот се случил околу 18 часот, на улицата „7“. Пукано било врз возилото во кое биле М.Н. (44) и М.Ш. (51) од страна на лицето Ш.А. (29). Од испуканите куршуми на М.Н. му биле нанесени повреди, прострелни рани во пределот на раката, ногата и стомакот. Првично, помош му била укажана во Поликлиниката Драчево, за потоа да биде пренесен на Ургентниот центар.

Причината за пукањето била расправија која се случила порано истиот ден помеѓу нападнатите и семејството на напаѓачот. Екипите на СВР-Скопје извршија увид на местото на настанот и превземаат мерки за случајот целосно да се расчисти.