Сите ние одбираме на што ќе го трошиме времето на основа на тоа кои се нашите приоритети. Кога ќе кажете дека сте премногу зафатени за читање, вежбање, излегување и слично, вие всушност веќе сте го направиле изборот, без оглед на тоа дали се работи за свесен избор или не.

Вие веќе сте одлучиле дека други полиња во вашиот живот се поважни од читање, вежбање, излегување и слично.

Сите луѓе на планетава ги имаат истите 24 часа во денот. А некако надојде еден тренд или мода, како сакате наречете го тоа, што „Немам време, ептен сум зафатен/а“ стана еден вид на орден кој луѓето гордо го носат.

Зошто треба да престанете да велите: „Леле колку сум зафатен/а?“?

Кога велите: „Леле колку сум зафатена“, вие всушност ги велите следните работи:

Мојот живот е надвор од контрола

И со тоа кажувате дека сте хаос и дека не можете да воведете ред во сопствениот живот, што и не е баш за пофалба.

Ја избегнувам непријатната ситуација да кажам некому „НЕ“.

Наместо искрено да кажете дека не можете да излезете со некого или некому да направите некаква услуга, едноставно полесно е да кажете колку немате време за ништо.

Јас немам никаква одговорност за изборите во мојот живот

Или со други зборови: „Ќе речам дека немам време затоа што тоа е полесно отколку да преземам одговорност за моите постапки и за времето кое го трошам скролајќи низ социјалните мрежи.

Сакам да се поврзам со тебе со тоа што се жалам

Вие кажувате дека немате време, а човек слуш: „Ајде и двајцата да се жалиме и да одиме заедно уште подлабоко во улогата на жртва, затоа што така се поврзувам со другите.“

Немојте да бидете жртва!

Недостаток на одговорност, избегнување непријатни ситуации, поврзување преку жалби и занемарувањето на моќта на изборот се основата на „изигрување жртва“.

Затоа, уште еднаш ќе ве прашам: „Дали сте зафатени?“

Или вие моментално имате многу обврски и имате распоред полн со активности за кои имате страст?

Еден збор менува сѐ.

Следниот пат кога ќе се фатите себеси како велите дека сте зафатени, одвојте еден миг и размислете што всушност кажувате со тоа.