Престанете да чекате на луѓето да се одлучат да бидат со вас

Понекогаш, зборовите кои ги слушаме од самите себеси не ги слушаме додека не слушнеме од друга личност.

Ова е совет кој го добив од моја добра пријателка: Изгледа како да си негов број 2, како да може секогаш да дојде кај тебе кога и да посака. Но, да беше негов број 1, тој ќе беше паметен да ги земе нештата сериозно со паметна, независна и убава девојка како тебе. А, кога ќе го сфати тоа и ќе се врати за грешката која ја направил, не го примај назад. Остави го да ја научи тешката лекција.

Моите пријатели  не велеа ништо што веќе не знаев. Но, понекогаш не им веруваме на нашите мисли додека се во нашата глава. Ја губиме довербата во себе кога ќе ја избереме погрешната личност. Затоа, не е ни чудо што не можеме да си дадеме совет самите на себеси. Кога стануваме помалку значајни за друга личност, во истиот момент некако стануваме помалку значајни и за самит себеси.

Вистина е дека некои двојки се разделуваат 10 пати пред да останат заедно засекогап. И, понекогаш личноста со која ни е судено да бидеме ни има нанесено најмногу болка. Но, погрешно е да се мисли дека постои добра причина зошто тие се такви какви што се.

Не им го дозволувајте тоа. Не мислете дека тие се личност која највеќе ве повредила, но и која највеќе ве сака. Не вовлекувајте се себеси во таква приказна.

Не верувајте во тоа, затоа што тоа не постои. Не постои такво нешто како ваша „токсична половина“, бидејќи вашата друга половина не треба да биде токсична, не треба да ве прави да се чувствувате како да не постоите или како да не треба да постоите на овој свет. Тие не треба да ве уништуваат, туку да ве надополнуваат.

Ако сѐ што направивте, не е доволно за нив, тогаш вие сте предобри за нив. Престанете да се грижите со кого ве имаат заменето и престанете да се грижите во кого ќе се вљубат после вас, бидејќи веројатно дeка тие можат да сакаат некого е многу мала.