Пресметка со оружје во Куманово - Малолетник е уапсен, друго лице завршило во болница

 

Полицијата денеска, рано изутринава, лишија од слобода 16-годишник од Куманово.

Според пријавеното, вчера околу 22:00 часот на спортско игралиште во близина на спортската сала во Куманово, тој се сретнал со М.Ѓ.(23) од Куманово наводно за да расчистат претходно недоразбирање, а биле присутни уште неколку други лица.

- Лицето М.Ѓ. притоа извадил пиштол и нож, по што бил физички нападнат од малолетникот и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, соопштија од полицијата. 

По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.