Препознај ги знаците кои ти кажуваат дека вашата врска е во криза

Сѐ беше совршено во врската, но веќе некое време забележуваш дека партнерот ги избегнува заедничките разговори, дека не е заинтересиран како поминал твојот ден, а во неговите планови за викенд за тебе повеќе нема простор. Сигурно овие причини ќе те заинтересираат зошто се оладил и ќе се запрашаш дали на вашата врска и има спас...

После неколку состаноци дечкото се олади и одеднаш престанува да ти се јавува. Повеќе од сигурно е дека тој те „прецртал“. Можеби нешто навистина му се случило, можеби му е напорно на работа, но во поголем број случаи мажите на почетокот исчезнуваат затоа што имаат чувство дека моменталната ситуација не е тоа што тие го бараат, нашле некоја друга или имаат поинакви планови. Секако дека е подобро тоа јасно да го каже, но како и да дознаеш дека дечкото со кој излегуваше не е за тебе, веројатно брзо ќе преминеш преку заладувањето на односот, ќе се посветиш на себе и ќе продолжиш понатаму.

Но, што се случува кога нашиот долгогодишен партнер одеднаш ќе се олади? Ок, се сомневаш дека се оладил од вчера до денес затоа што постојат знаци и промени во однесувањето кои упатуваат на тоа. Ни во таква ситуација не е лесно да и се погледне на вистината во очи и да си признаеш дека меѓусебната комуникација не ви е како порано и дека постепено станувате странци еден за друг. Се добива впечаток дека твојот партнер се повеќе е „пасивен играч“ и дека нешто го мачи, но таа тема никако да ја отворите. Напротив, се правите дека сѐ е во ред, вообичаено, но двајцата знаете дека не е. Во тие моменти, во главата, веројатно ти се врти сценарио за тоа дека вашата врска е готова. Не мора да значи. Имај на памет дека секој однос, па така и врската, имаат свои искачувања и паѓања, па така не е ништо чудно ако и вашата ја зафатил некој ваков период. Најпосле, ако успеете да го преминете како пар, во најдобар случај врската би можела да стане уште подобра.

Сигурно се прашуваш зошто во секоја врска мора да постојат вакви кризни периоди? Нема одговор кој важи за сите подеднакво, но постојат неколку можности: едната страна мисли дека партнерот почнува да ја гуши, мисли дека врската пребрзо или преспоро се развива, едната страна не е сигурна во тоа што сака или поминува низ некој тежок период. Големи се шансите баш поради некоја од овие причини твојот партнер да се однесува чудно или да се повлече во себе. Овие 7 најчести сигнали кажуваат дека со врската нешто не е во ред:

Плановите не те вклучуваат

До вчера на партнерот му беше важно твоето мислење и многу негови планови те вклучуваа и тебе. Но постепено почна да се оддалечува и сврте нов лист а односите се заладија. Можеби твојот партнер е неодлучен, а можеби има впечаток дека некои одлуки се избрзани. Во секој случај ова не е добар знак и само искрен разговор може да ја реши целата ситуација.

Никогаш не презема иницијатива

Јасен знак дека твојот партнер изгубил интерес за врската е оној кога ќе престане да се труди или чека ти да го одржуваш во живот вашиот однос. Но, со оглед на тоа што врската е двонасочна, ако забележиш дека е ладен и дистанциран, без желба за промена на подобро, одреди ја насоката на вашиот однос.

Сексот е сѐ поредок

Алармот за узбуна се уклучува кога партнерот зачестено одбива „акција“ или ако во вашата врска веќе подолго време недостигаат интимни моменти-гушкање и бакнежи. Тоа ти кажува дека тој се оладил, а како ќе го решите тоа, и дали ќе го решите, зависи од нивото на вашиот однос и од подготвеноста да се прифати дека проблемот постои.

Емоционално дистанцирани

Ако не те гледа во очи кога разговарате или го држи телото во затворена, стисната положба, тоа е јасен знак дека сака оддишка. Вашата врска е на климави нозе. Каква е таа врска во која едната страна е затворена и неспремна за вложување во сите нејзини аспекти? Довербата и почитта се темел на секоја врска.

Не разговарате

Заедно сте, но се почесто се однесувате како странци. Кога сте заедно, главно секој е во свој свет, а разговорот е сѐ поповршен. Врската не може да опстане и да се развива ако недостига комуникација и ако не ни е грижа за животот на партнерот. Компатибилноста во сите аспекти ја прави врската квалитетна.

Не сака расправии

Караниците кои резултираат со насилство и со кажување тешки зборови секако не се добри и од такви врски треба да се бега, но повремени расправии од кои паровите учат повеќе за себе може да се добра работа. Нив брзо ги решаваат, подготвени се да ја признаат грешката и да продолжат понатаму. Но, ако твојот партнер тебе ти ја нафрла целата одговорност, не сака да ги реши проблемите затоа што за тоа не е подготвен, тоа може да значи дека не е подготвен ни за врска.

Застанавте

Секоја врска би требала да тече по одредена динамика. Прво следи запознавање и флерт, потоа заљубеност, а дури потоа вистинска љубов. Неретко се случува во фазата помеѓу заљубеност и вистинска љубов, едната страна да изгуби интерес затоа што е несигурна или не сака да се труди. Разговарајте за своите очекувања и за тоа како гледате на развојот на вашата врска.