Пренасочување на сообраќајот: За Духовден ЈСП ќе пушти повеќе автобуси кон Бутел

Автобусите од јавниот превоз денеска ќе возат со изменет возен.

– За Духовден во петок, сабота и недела, ЈСП Скопје ќе го зголеми бројот на поаѓања кон гробишта Бутел од Карпош, Ново Лисиче, Кисела Вода и во зависност од потребите на граѓаните ќе бидат ангажирани дополнителен број на автобуси во периодот од 5 до 14 часот, информира ЈСП.

Подетални информации може да добиете на  веб страницата www.jsp.com.mk.

Како што информира МВР, на гробиштта Бутел сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски” во продолжение по локалниот пат за село Мирковци до влезот за гробиштата на улица „Боца Иванова” и излегување на улица „Александар Урдаревски”.

- По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улица „Црногорска“, а на гробишта „Камник“ по улица „Јужноморавски Бригади“ и улица „Роман Каскалиевиќ“, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.