ПРЕНАСОЧЕН СООБРАЌАЈ: Ќе се одржи протест под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“

Сообраќајот во централното подрачје во главниот град денеска ќе биде пренасочен од 10 часот.  Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на крстосница Даме Груев – Васил Главинов во правец кон „Црвен крст“ и обратно од крстосница „11 Октомври – Кочо Рацин“.

МВР информира дека за денеска е најавен протест во организација од група граѓани „Млади за Македонија“. 

Од Министерството повикаа на мирни протести и воздржување од насилни акти.

Протестот е под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ и започнува во 20 часот пред Собранието,  а е поддржан од повеќе граѓански здруженија.