Премира на „Бели ноќи“ во МНТ во режија на Звездана Ангеловска

На малата сцена на 17 октомври во 20 часот, премиерно ќе се одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф.М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска соопштија од Македонскиот народен театар (МНТ).

Во оваа копродукција играат: Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Сценограф е Мартин Манев,а музиката е на Марјан Неќак.

Првата реприза е закажана на 18 октомври.