Премиерот Мицкоски во хумана мисија за Божиќ, откри и кај кого од семејството е бадниковата паричка

Премиерот Христијан Мицкоски, на својот фејсбук профил, сподели фотографија од семејната вечера за Бадник и откри кај кого се паднала паричката! 

- Оваа година, за Бадник кај моите родители, семејната топлина и радост беа дополнети со едно мало, но значајно изненадување – паричката од бадниковата погача падна кај мојот син Антониј! Со искрена радост и надеж дека и вас ве следи среќа во новата година, ви посакуваме убави празнични моменти, мир во срцата и многу љубов во вашите домови. Среќни празници и Христос се роди! - сподели премиерот Мицкоски. 

Вчера, во текот на денот, Мицкоски беше во хуманитарна обиколка на повеќе семејства од Скопеј и околината. 

- На Бадник, пред Божиќ, ги посетивме општините Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба за да ја покажеме нашата човечност и да ја споделиме радоста со сите. Да се потсетиме дека секоја трпеза треба да биде исполнета со љубов, секое срце со насмевка и секој дом со среќа. Бидете несебични, дарувајте на оние на кои им е најпотребно, бидејќи заедно можеме да донесеме светлина и топлина во животите на сите семејства. Божиќ е празник на добрината, а нашите дела се најголемиот подарок што можеме да го дадеме, порача премиерот.