„Dream State на кореографот Валентино Апостоловски, и „Moonlight“ во кореографија на Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас од Шпанија се двете нови современи танцови продукции кои ќе бидат претставени денеска (24 ноември) од 19 и од 19:30 часот во Кино Култура.

Во организација на Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ , а во рамки на проектот „Што е кореографија?“ организиран е и разговор со кореографите.

Реализацијата на проектот „Што е кореографија?” е поддржана од Министерство за култура и Општина Центар. Проектот е куриран од Биљана Тануровска-Ќулавковски, асистент куратор на проектот е Елена Ристеска, а проект-менаџер е Виолета Качакова.