Премиерата на „Брачна игра“ со Весна и Игор закажана за март во МНТ

Бејби и Џамбаз пред пошироката јавност откриваат дека ќе станат брачна двојка ама само за претставата насловена „Брачна игра“.

Претставата едноставно ќе ја режира Тони Михајловски, а премиерата на истата ќе се случи на 27 – ми март во Македонскиот народен театар, на Светскиот ден на театарот кога впрочем треба да се слави и враќањето на Игор Џамбазов на сцена.

Станува збор за многу интересна и реална претстава која сакаат да биде вистинско уживање за сите посетители на кои ќе им приредат едно поинакво, интимно доживување на сцената во МНТ.