Премиера на „За нашиот Горан“ во изведба на актерите од школата на Весна Бејби

За 26ти март е закажана премиерата на перформансот „За нашиот Горан“ во Македонски народен театар, во изведба на младите таленти од актерската школа на Весна Петрушевска. 

-Горан често име на нашите простори изведено од именката гора, но исто така со значение голем и силен. Таква е нашата љубов кон Горан, силна, огромна, истрајна и посветена. Можете лесно да паднете во неговата стапица на зборови. Децата од актерската школа лесно го разбираат и нивниот подтекст е прецизно точен. Јас сакам секое дете да знае барем по еден монолог на Горан. Така живее само онолку колку го зборуваме. Ние немаме друг Горан. Имаме само еден! Храбар, бескрајно талентиран, точен, шармантен и полн со љубов.Овие деца пред вас го сакаат до небото и назад!, порача Петрушевска најавувајќи ја премиерата.