Преку Развојната банка Владата ќе ја гарантира поддршката на претпријатијата

Со законските измени Развојната банка ќе може да ги реализира проектите и програмите на Владата за поддршка на економијата во услови на пандемија преку Гарантен фод. Овој Фонд почетно ќе добие 10 милиони евра од Буџетот.

Владата ќе побара од Собранието на Македонија да ги донесе измените во Законот за Македонската банка за поддршка на развојот кои ги усвои на вчерашната седница. Со нив се гарантира примената на пакетите економска подршка поради негативните ефекти од пандемијата.

Со законските измени Развојната банка ќе може да ги реализира проектите и програмите на Владата преку Гарантен фод. Овој Фонд почетно ќе добие 10 милиони евра од Буџетот.

Овие пари ќе се користат за издавање гаранции за обезбедување плаќања на главнината на новоодобрени кредити за обртни средства до 80 отсто од износот на кредитот и кредити за основни средства до 50 отсто од износот на кредитот.
Крајните корисници на гаранциите може да бидат микро, мали и средни трговци, како и големи извозно-ориентирани трговски друштва во кои приходите по основ на извоз имаат учество од најмалку 30 отсто во вкупните остварени приходи во претходната фискална година.