
Вчера во СВР Тетово, Н.Б. (38) од Скопје, вработен во фирма од село Врапчиште, пријавил компјутерска измама во правен субјект.
Како што се наведува во полицискиот билтен, при нарачка на стока од странска фирма, преку пресретната електронска комуникација, оштетените биле доведени во заблуда од страна на непознати сторители да префрлат 13.572 евра на лажна трансакциска сметка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.