Преку фолклорот до зближување на културите

По 24. пат по ред ќе се одржи Детскиот меѓународен фолклорен фестивал „Од цвет на цвет со оро и песна“. Фестивалот ќе се одржи од 23-ти до 27-ми октомври.

Учесниците на оваа голема културна манифестација ќе бидат детските ансамбли од Р.Украина, Р.Србија и осум детски ансамбли од Р.Северна Македонија.

Гала концертот ќе се одржи на 26 - ти Октомври во салата на Дом на АРМ, со почеток во 18 часот. Квалитетот на ансамблите нуди преубава фестивалска вечер.