Прекрасно мирно катче: Дружење со пауните од дворот на Св. Архангел Михаил во Автокоманда

Во дворот на храмот Св. Архангел Михаил во Автокоманда можете да се дружите со неколку пауни.

Прекрасна црква, со уште поубав двор, кој овие прекрасни птици дополнително го красат и го прават уште поубав - вистински душевен мир.

Пауните воодушевуваат со својата убавина, претворајќи го ова место во градот во вистинска оаза на мирот. 

Пред неколку години големиот бел паун Белан, за жал, беше растргнат од кучиња и тој веќе не го разубавува овој двор. Но, тука се и другите единки од оваа преубава птица, кои воодушевуваат и со својата раскошност, но и питомост. (Фотографии: Ѓ.Б.)