Прекрасно е да бидеш сам, а да не бидеш осамен!

Во последно време често се гледам себеси од перспективата на друг човек. Тој некој стои на спротивната страна на просторијата, мојата просторија, гледа во мене додека ги правам најобичните работи. Понекогаш се гледам додека ги перам садовите, садовите кои ги платив со свои пари кои овие прсти самите ги заработија. Во вторник и четврток се гледам додека се качувам на вештачка карпа, тоа сум јас, девојката која се плаши од висини и која не се грижи многу за своето тело.

Понекогаш се прашувам: Каде исчезнав? Едно утро се гледав како тешко дишам и како плачам. Верувам дека сите понекогаш се губат, меѓутоа мене ми дојде преку глава од моите губења. Се губам во лавиринтот на своите мисли и повеќе не знам што сум, што мислам и дали воопшто овие две личности во мене се познаваат?

Во последно време често се гледам себеси од перспектива на некој друг, затоа што сум си чудна самата на себе. Можеби затоа што во последнава година не си обрнував баш внимание на себе, барем не во онаа мера која ми беше потребна. Позади мене е една шарена година.

Летово почнав да се запознавам самата себе. Летово одлучив дека ќе престанам да се лажам самата себе и дека ќе престанам да ги користам пречките за да ја избегнам вистината и останатите работи во комфорната зона, во зоната на тој лажен дворец со дебели ѕидови кои не ми дозволуваа да бидам вистински среќна. Во последно време често се гледам од перспективата на некој друг и се прашувам себеси: Дали воопшто сум свесна дека работам последнава година?

Многумина од вас нема да сфатат зошто ми е толку чудно. Имам доволно години за да работам и веќе одамна требаше да почнам со тие работи. Но, многумина од вас не ја познаваат другата јас. Многу од вас не ја познаваа личноста за која пречките беа единствените патишта кои ги познаваше. Оваа година за мене беше година во која сѐ се смени.

Година во која научив да бидам сериозна на еден нов начин. Секогаш се плашев да пораснам. Мислев дека нема да бидам способна да ги правам работите кои сега ги правам. Многу луѓе ме сметаа за дете. Ова лето одлучив потполно да станам независна, но не ни помислив на тоа да живеам сама. Иако сум личност која обожава да поминува време во самотија, никогаш не сум живеела сама. Секогаш се повлекував во својата соба – својот свет на филмови, книги, зборови и слики. Но, навечер секогаш готвев и јадев со луѓето со кои живеев.

На крајот на летото се преселив во една куќа која ја делев со неколку луѓе. Таму поминав прекрасни денови кои ми дадоа сила да се ослободам од сето она што беше беспотребно во мојот живот. После два месеци во таа куќичка, сфатив дека е време за живот без цимери. Многу брзо го пронајдов својот мал стан во кој се вселив пред 10 дена.

Најпрво се запознававме – мојот стан и јас. Некако ми беше празен и ладен и не можев да се замислам како во него ќе создавам моменти кои никогаш нема да ги заборавам. Одлучив тоа запознавање да го оставам за подоцна. Следеше чистење, фрлање, подготвување и пополнување. Ја исчистив целата површина во станот и со помош на најблиските ги пренесов моите работи.

Многу ми беше чудно тоа што целиот наш живот го собира во неколку кутии, тоби и враќи. Подоцна сфатив дека јас не сум работите кои ги имам, ниту чевлите за кои мислев дека нема да ги собере во тој мал стан. Не сум ни книгите кои стојат на полиците, ниту новите садови, ниту јорганот, ниту гаќите. Но, моите работи сепак го направија станот малку повеќе мој. Ми беше некако потопло и поубаво.

Првата ноќ постојано се будев и нешто не ми даваше мир. Втората ноќ беше сосема поинаква. Секој ден се повеќе се сакаме – мојот најмал стан и јас. Прекрасно е чувството да имаш нешто свое, да чекаш сметки, да ги поздравуваш соседите, да се запознаваш со нивните кучиња и мачки. Прекрасно е да бидеш сам, но не и осамен. Прекрасно е чувството кога првпат ги угостуваш своите најдраги луѓе. Прекрасно е кога конечно нешто нарекуваш дом.

Во последно време често се гледам од перспективата на друг човек. Тој некој стои на спротивната страна од собата, мојата соба, гледа во мене додека правам најобични работи. Моите движења се полесни од порано. Сега почесто се смејам во споредба со лани во истово време. Се гледам додека сакам снег. Се гледам додека шетам сама низ мојата нова улица. Се гледам додека им отворам врата на мајсторите. Се гледам додека го чистам и средувам мојот најмал стан. Се гледам и сум горда. Прекрасно е да биде сам, но не и осамен. Прекрасно е да имаш мир. Прекрасно е чувството кога овој стан го нарекувам дом. Прекрасно е да имаш место на кое секогаш ќе му се враќаш, па макар било тоа и најмалиот стан на свет.