Прекрасен јубилеј: Борче и неговата екипа донираа 1.000 компјутери

Веќе пет години постои хуманитарната акција #ДонирајКомпјутер, во која е вклучен кавадарчанецот Борче и неговата екипа.

Тие поправаат и сервисираат стари, но функционални компјутери, а потоа ги донираат кај социјално загрозени семејства, а во последните година и пол, приоритет се оние кои следат онлајн настава, а родителите не се во можност да обезбедат доволно добар уред.

Иако започна како мала акција на социјалните мрежи, #ДонирајКомпјутер веќе е движење кое активно постои низ цела земја, а своите стари компјутери или компјутерска опрема, секој е во можност да ги донира. 

Со оваа јубилејна бројка, официјално 1.000 семејства добија бесплатен и функционален компјутер.