Прекрасен и инспиративен одговор на Хенри Форд за тоа што сакал да биде во следниот живот

Една компанија за електрика го вработила младиот инженер за 11 долари неделно. Работел 10 часа дневно, а кога се враќал дома, честопати морал до полноќ да работи во својата штала, обидувајќи се да измисли нов вид на мотор. 

Неговиот татко верувал дека неговиот син само си го губи времето, соседите шепотеле дека е сосема луд, никој не верувал дека нешто вредно ќе произлезе од него...

Никој, освен неговата жена.

Таа деноноќно му помагала. Била во состојба неколку часа да ја држи петролејката над неговата глава. И рацете ѝ добивале модра боја, забите ѝ крцкале од ладно, постојано се преладувала, но... таа толку многу му верувала на својот сопруг!

Години подоцна, од шталата се чула бучава. Соседите го виделе лудакот и неговата сопруга како се возат по патот во кола без коњ. 

Тој лудак се викал Хенри Форд.

Кога го интервјуирале, новинарите го прашале Форд што би сакал да биде во следниот живот, а тој на тоа едноставно и моќно одговорил: „Нека бидам кој било, само покрај мене повторно да биде мојата сопруга“!