Прекинување на бременоста ќе може да се прави и кај матичен гинеколог

Собраниската Комисија за здравство во рамките седница констатира дека Предлог-законот за прекинување на бременоста во прво читање е прифатлив и може да се даде на натамошно читање.

-Во законот се уредува постапката за одобрување на прекинување на бременостa без дополнителни административни процедури односно бариери, за да не се ограничува пристапот до и спроведување на постапката за безбеден прекин на бременоста, пристапот до информации согласно стручно упатсво за безбеден прекин на бременоста, за да може жената да донесе одлука и да даде писмена согласност за спроведување на интервенцијата, прекинување на бременоста, на барање и со дадена согласност по добиени информации и спроведено советување на бремената жена, до 12-тата гестациска недела од страна на лекар специјалист по гинекологија и акушерство, утврдување на случаите кога може да се изврши прекинување на бременоста по истекот на 12-тата гестациска недела, рече Филипче.

Нагласи дека во законот се уредува: прекинување на бременоста на барање и со дадена согласност по добиени информации и спроведено советување на бремената жена, по 12-тата до 22-та гестациска недела од страна на лекар специјалист по гинекологија и акушерство, со можност за барање на дополнително мислење од друг лекар специјалист по гинекологија и акушерство, прекинување на бременоста на барање и со дадена согласност по добиени информации и спроведено советување на бремената жена, по 22-та гестациска недела во постапка пред првостепена комисија и право на приговор до второстепена комисија, како и условите што треба да ги исполнуваат здравствените установи за вршење на постапка за прекинување на бременостa за таа да се спроведува согласно востановени медицински стандарди, упатства и протоколи заради минимизирање на опасностите по животот и здравјето на жената.

Законското решение, појасни, е многу соодветно, за првпат е ставен медикаментозниот абортус како опција, што е тренд насекаде во светот, во вторстепената комисија уфрлуваме лекари специјалисти од многу повеќе области со цел да се утврди дали евентуално малформацијата кај плодот може да се третира и што може да се очекува од тоа бебе кога ќе се роди ако се први таа интервенција односно во која насока ќе се развива.

На јавната расправа може да се осврнеме на сите сегменти и сериозно да ги образложиме и аргументираме и да ги слушнеме мислењата од сите кои беа вклучени во изготвувањето. Имавме повеќемесечен процес во кој ги слушнавме сите барања на граѓанските здруженија и сериозно ги разгледувавме. Со овој закон тргнувајќи ги рестриктивните мерки од претходниот, волјата на жената ја ставаме на прво место, додаде министерот Филипче.

Прекинување на бременоста до деветата недела ќе може да се прави и кај матичниот гинеколог, односно гинеколог од примарна здравствена заштита, се предвидува со измените на Законот за прекин на бременоста кои се во собраниска процедура.

Матичниот гинеколог ќе може да спроведе медикаментозен абортус, односно абортус предизвикан со помош на лекови.  Матичниот гинеколог кој ќе сака да ја дава и оваа услуга ќе треба да исполни услови кои ќе бидат пропишани со стручно упатство, да помине обука, а потоа во листата на услуги кои ги дава ќе биде додаден и медикаментозниот абортус. Амбулантата од примарна здравствена установа ќе треба да има направено договор со болничка установа во која би била згрижена пациентката ако евентуално се појават некакви компликации.

cheap nike free run 5.0