Прекинот е почнат! Волково и Лисиче денеска без вода

Без вода денеска ќе останат дел од жителите на Волково поради дефект на огрлица на улица „60“ број 18 во општина Ѓорче Петров.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот на водоснабдувањето започна од 10:30 часот и ќе трае до санирање на дефектот. Прекинот ќе ги опфати корисниците од дел од село Волково.

Исто така, денеска поради преповрзување од стара на нова водоводна мрежа од ф 225 мм на ф 80 мм на ул.2 раскрсница со ул.4 во Долно Лисиче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.1 и ул.2 во Долно Лисиче.

Прекинот е почнат од 10:00 часот и ќе трае до завршување со работните активности.