Прекини во водоснабдувањето во Карпош

Утре и задутре поради процес на чистење и хлорирање на левата комора од резервоар Жданец можен е мал прекин на водоснабдување во населбите Жданец, Трнодол, Козле и Нерези.

Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“ со работа ќе се почне во 9 часот наутро.

Прекин во водоснабдувањето за утре е најавено и потегот од булеварот „Митрополит Теодосие Гологанов“ до ул. „Рузвелтова“ поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од Ф-100 мм на ул. „Рузвелтова“.

Со санирање ќе се почне од 09:00 часот.