Прекини во електроснабдувањето денеска во повеќе скопски општини

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат следните корисници:               

-од 08:55 до 11:00 часот, објектите на фирмата Џонсон Мети во индустриската зона Бунарџик (Општина Илинден)

-од 09:00 до 13:00 часот,   корисниците од  дел од ул. Јакупица во  нас. Драчево (Општина Кисела Вода)

-09:00 до 13:00 часот, дел од с. Бразда (Општина Чучер Сандево)

-од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите лоцирани на патот кон Етно Село, Горно Нерези (Општина Карпош)

-од 10:00 до 12:30 часот,  корисниците од дел од с. Инџиково (Општина Гази Баба)