
Поради планирани технички интервенции на електромрежата, делови од Скопје денеска ќе бидат привремено без снабдување со електрична енергија. Информацијата ја соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, врз основа на податоци од ЕВН Македонија.
Во општина Карпош, прекин на струја ќе има во периодот од 08:30 до 15:00 часот, при што без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците 1506 и 1550 во населбата Момин Поток, како и деловните објекти на компаниите „Електроводомонт“ и „Европа 92“.
Во општина Сарај, од 09:30 до 14:00 часот, без струја ќе бидат селата Рашче, Копаница и Бојане, како и каптажата Рашче и дел од домаќинствата во Кондово.
Во централното градско подрачје, односно во општина Центар, прекин на електричната енергија е најавен од 11:00 до 13:00 часот. Засегнати ќе бидат делови од улицата „Рилски Конгрес“ (од број 2 до 8), како и дел од улицата „Ѓорѓи Скрижевски“, на потегот од крстосницата со „Христо Чернопеев“ до „Рилски Конгрес“.