Прекини на голем број улици во Скопје - Ова е најавата за денеска

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче (општина Аеродром)

· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево (општина Центар)

· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)

· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров).

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.