Прекинато водоснабдувањето во дел од Визбегово

Од ЈП Водовод и канализација Скопје, известуваат за прекин во водоснабдување на одредени локации.

Од таму информираат дека денеска (26.09.2022), поради уличен дефект ф-100 мм на ул. 5/307 Визбегово, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.3, 4 и 5 Визбегово.

Водоснабдувањето е прекинато од 11:00 часот до завршувањето на санацијата на дефектот.