Прекинато водоснабдување во Бутел 1

ЈП Водовод и канализација инфомира дека е прекинато водоснабдување во населба Бутел 1.

„Ве известуваме дека на ден 20.09.2018.поради дефект на затворач од Ф-100мм на ул.Бутелска раскрсница со Призренска во населба Бутел 1, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Бутелска, Призренска, Коле Канински, Марко Крале, Галичник од 09:00часот до санирање на дефектот“, порачаа од ЈП Водовод и канализација.