Прекинато водоснабдување на неколку локации во понеделник

ЈП Водовод и канализација, Скопје со известување за прекин во водоснабдувањето во понеделник (27.11.2022).

-Ве известуваме дека на ден 28.11.2022г на ул.Гвадалахара бб (кај резервоарот Шуто Оризари), поради уличен дефект Ф-2“и Ф-300мм, со прекинато водоснабдување ќе останат корисниците на улиците: Иљо Војвода и дел од Бутелски Венец од 09:00 часот до завршување на дефектот.

-На ден 28.11.2022г. поради штопирање на стара мрежа Ф-75 мм на ул.7 бб (до мостот) с.Љубанци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од с.Љубанци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.