Прекин во водоснабдувањето во Општина Центар

Поради реконструкција на водоводни приклучоци од Ф 1”(цола) денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на ул.„Димитар Пандилов“ бр.4 во Општина Центар, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од улиците „Ганчо Хаџипанзов“, „Караорман“, „Капиштец“ и дел од улицата „Питу Гули“.

Прекинот во водоснабдувањето е од 11:00 часот до завршувањето на реконстукцијата.