Прекин во водоснабдувањето во општина Аеродром

Поради технички зафати во водоводната мрежа утре од 10 до 11 часот, ќе има краток прекин во водоснабдувањето во становите над четврти кат од зградите на населбите: Стар Аеродром, Јане Сандански и Ново Лисиче во општина Аеродром, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.