Прекин во водоснабдувањето во Капиштец

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека во текот на денот поради изведување на водоводен приклучок од ф-80 мм на улицата Козара бб  во Капиштец ќе има прекин во водоснабдувањето.

Прекин, како што се посочува во соопштението, ќе имаат корисниците на дел од улица Козара, Бел Камен и Шарски одреди.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување на работите.