Прекин во водоснабдувањето утре во село Радишани

Заради чистење и хлорирање на левата комора од резервоарот за питка вода „Радишани“, утре мали прекини во водоснабдувањето ќе имаат во село Радишани, општина Бутел.

Како што информираат од РЦУК Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9:00 часот до завршување на интервенцијата.