Прекин на водоснабдувањето во дел од Чаир

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваaт дека поради уличен дефект ф 300 мм на булевар Македонско-косовска бригада бб кај Стовариштето, прекинато водоснабдување во време од 9:00 часот па до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од улиците: 376, Самоилова, Банатска, американска амбасада, турска амбасада и Јоаким Крчоски.

Се работи за дел од улиците во општина Чаир.