Прекин на струја во неколку општини, вода ќе нема во дел од Карпош

ЕВН известува дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници: 

На ден 27.04.2021 година (вторник ):

-од 08:30 до 12:00 часот, дел од с. Орешани. (Општина Зелениково)
-од 09:00 до 14:00 часот,  дел од ул. Тодор Александров.  (Општина Центар)
-од 09:00 до 15:00 часот, дел од нас. Стопански Двор.  (Општина Ѓорче Петров)
    
На ден 28.04.2021 година (среда):   

-од 09:00 до 12:00 часот, дел од с.  Горно Оризари. (Општина Бутел)
-од 09:00 до 14:00 часот, Објектите на ЈП - Паркови и зеленило и  Кајакарскиот клуб во Градскиот парк. (Општина Центар)

Што се однесува на водоснабдувањето, ЈП Водовод и канализациј известува дека на ден 27.04.2021 (вторник), ќе се работи на чистење и хлорирање на левата комора од Резервоарот за питка вода  - Жданец. Интервенцијата ќе трае од 09:00 часот  до завршување со активностите. Во тој период, можно е да има мал прекин на водоснабдувањето за корисниците кои се снабдуваат од овој резервоар. (Општина Карпош )