Сигурно уживате кога некој ќе ве прегрне, но дали знаете како прегратките влијаат на нашето здравје и расположение?
Ова се неколку факти за прегратките.
Најголем дел од луѓето се прегрнуваат подигнувајќи ја десната рака.
Искрените прегратки го стимулираат нервниот систем, го намалуваат чувството на осаменост и страв, ја подигнуваат самодовербата и ја намалуваат тензијата.
Тие го намалуваат крвниот притисок. Хормоните кои се лачат за време на прегратките не влијаат само на расположението, туку и на физичката состојба на организмот.
Со лачење на окситоцинот кој се активира за време на прегратките, телото успешно се бори против инфекциите.
Прегратките, како и љубењето го намалуваат чувството на болка.
Децата кои често се прегрнувани стануваат возрасни луѓе кои помалку ги погодува стресот.
За да имаат ефект на нас, треба да траат 7 секунди.