
Синоќа во 21:30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улицата „Марко Симоновски“ во Гостивар, патничко моторно возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.О.(31) од Гостивар, удрило во осумгодишно девојче од Гостивар.
Од МВР информираат дека во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар во Гостивар.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.