Прегазено осумгодишно дете во Скопје

Во 14 часот и 20 минути на улицата “Христо Татарчев“ патничко моторно возило “Форд Фокус“ со скопски регистерски ознаки управувано од 28-годишниот Б.Д. од Скопје удрило во дете-пешак на возраст од осум години.

Од незгодата со повреди се здобило детето кое со друго возило било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.