Девојче било прегазено денеска на семафорите кај „Веро Џамбо“, дознава 24 Инфо.

Сообраќајната несреќа се случила околу 12.30 часот на пешачкиот премин кај НРБМ. Во моментов полицијата врши увид.

Според очевидци, девојчето било удрено од автомобил „форд“ со штипски регистерски ознаки, кој е застанат на 20 метри од пешачкиот премин.

Од МВР првично велат дека повреденото лице е пренесно во Ургентен центар и немаат информации за тежината на повредите.

Фото: 24 Инфо